Пеколна група: Меѓу себе ќе играат Италија, Германија и Англија

Третото издание на Лигата на нациите ќе донесе интересни мечеви откако денеска беа извлечени групите во четири сегменти од ова натпреварување.

Сегментот А е местото во кое се натпреваруваат 16-те најдобри репрезентации поделени во четири групи со по четири селекции. Според ждрепката, како „Група на пеколот“ е Групата 3, каде што ќе играат некогашните светски прваци Италија, Германија и Англија, а друштво ќе им прави и Унгарија. Ова се групите во Сегментот А:

Група 1: Франција, Данска, Хрватска, Австрија.

Група 2: Шпанија, Португалија, Швајцарија, Чешка.

Група 3: Италија, Германија, Англија, Унгарија.

Група 4: Белгија, Холандија, Полска, Велс.

Во Сегментот Б исто така ќе има четири групи со по четири селекции, а во групите ќе бидат.

Група 1: Украина, Шкотска, Република Ирска, Ерменија.

Група 2: Исланд, Русија, Израел, Албанија.

Група 3: Босна и Херцеговина, Финска, Романија, Црна Гора.

Група 4: Шведска, Норвешка, Србија, Словенија.

Освен во Сегментот А и Б, познати се групите и во Сегментот Ц и Д, а за нас е најважно кои се противниците што ги доби Македонија. Тоа може да го прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести