Пеколна ждрепка за Ѓоковиќ за Мастерсот во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна распоредот за претстојниот турнир во Мајами каде ќе стартува од второто коло.

Ѓоковиќ во второто коло би можел да игра српско дерби против Хамад Меѓедовиќ доколку тенисерот од Нови Пазар го елиминира Ринки Хаџикату.

Доколку Новак ја оправда улогата на фаворит, во третото коло би играл со Американецот Алекс Микелсен или квалификант, а потоа почнуваат тешките дуели. Во осминафиналето потенцијално би можел да се соочи со Лоренцо Музети, Феликс Оже-Алиасим или Лоренцо Музети.

Во четвртфиналето веројатен ривал му е Даниил Медведев, можеби Стефанос Циципас, потоа би дошло полуфиналето против Карлос Алкараз, ако не, со Каспер Руд, Томи Пол или Григор Димитров. Ако нема изненадувања на другата половина од костурот, во финале ќе игра Александар Зверев на кој главни конкуренти ќе му бидат Тејлор Фриц, Андреј Рубљов и Џек Дрејпер.

Јасно е дека Ѓоковиќ ќе има исклучително тешка работа во Мајами, турнир кој го освоил рекордни шест пати, но не играл таму уште од 2019 година, па со секој победа би собрал плус поени за рангирањето на АТП листата на кој сега е петти, и во Мајами ќе биде четврти носител бидејќи го нема лидерот Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести