Серж Гнабри е во страшна форма и повторно доминира на фудбалски терен, а по покерот голови што му ги даде на Тотенхем во дресот на Баерн во Лигата на шампионите, и вечерва блеска во Дортмунд на пријателскиот меч меѓу Германија и Аргентина.
Популарниот Елф веќе води со 2:0 по 25-тата минути игра, а Гнабри е режисер на убавата предност на домаќините. Најпрво погоди во 16-тата минута, што му е 10-ти гол во 11-тиот настап за германската фудбалска репрезентација, а потоа со одлична акција му асистираше на Кај Хаверц за првиот погодок во дресот со националните бои на Германија.
https://www.youtube.com/watch?v=wNr2hzV5R6c