Два меча се играат вечерва во НБА плејофот, но овојпат Мајами и Њујорк ќе играат од 21:30 часот, а не во вообичаените термини после полноќ. Израмнето, 1:1 е во победи на овој полуфинален дуел од Источната конференција, а Мајами сега прв пат ќе игра на свој терен против Њујорк во оваа серија.
Во полноќниот термин, Лос Анџелес лејкерс е домаќин на Голден Стејт, а и тука серијата е израмнета на 1:1. Лејкерс направи брејк против актуелниот првак и сега ќе се обиде да го искористи домашнит терен против ривалот кој реално ја има фаворитската улога за поминување во следната фаза.
На овие два меча, во понудата на Sport Life има преку 20 кошаркари кои може да ги одиграте во „плус-минус“ за бројот на поени, скока и асистенции, а тука е и интересната понуда за Вкупно каде се собираат бројот на постигнати поени, скока и асистенции.