Пеле над 9 години немаше дадено гол во Серија А, но ножичките не помогнаа против Џенова (Видео)

Џенова со два гола на младиот Џанлука Скамака, со пресврт победи на гости против Парма со 2-1. Скамака кој е роден во 1999 година, стана најмладиот играч кој сезонава дал барем четири гола во Серија А. Горан Пандев не влезе во игра.

Сепак, како за мала утеха за Парма која грчевито се бори за опстанок, најубавиот гол на средбата го даде нивниот играч Грацијано Пеле. Тој во изминатиот период играше во странски клубови, па девет години и три месеци (3.379 дена) немаше дадено гол во Серија А. Вечерва Пеле даде мајсторски гол со ножички.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=8PV-iWG-ZNM

- Оглас -

Најнови вести