Пеле никогаш не заигра во Европа иако имаше понуда од италијански гигант

Легендарниот бразилски фудбалер, Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој вчера ја загуби битката со тешката болест, никогаш не заигра во Европа. Пеле цели 18 години настапуваше за својот Сантос, а родниот Бразил го напушти во периодот до 1975 до 1977 година кога настапуваше во САД и тоа за тимот на Њујорк космос.

Друга бразилска легенда, Луис Назарио де Лима Роналдо, откри дека Пеле бил многу блиску да потпише за италијански гигант, но на крајот одлучил дека не сака да си замине од Бразил.

„Пеле ми откри дека по неговиот настап со Сантос на „Сан Сиро“, тогашниот претседател на Интер, Анџело Морати, ги договорил сите детали од трансферот. Пеле требаше во 1958 година да потпише за Интер, но, не сакаше да го напушти Бразил“,открива Роналдо.

Анџело Морати беше прв човек на Интер од 1955 до 1958 година, а неговиот син, Масимо Морати, истата функција ја ивршуваше од 1995 до 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести