Пеликаните без Дејвис го нокаутираа Хјустон, шоу на Расел и Џорџ во Орландо

Њу Орлеанс пеликанс го изненадија тимот на Хјустон рокитс со 121:116. „Пеликаните“ без најдобриот поединец, Ентони Дејвис славеа на гостувањето на Тексас и ја прекинаа мини-серијата од три порази.

Џејмс Харден заврши со 37 поени и 11 скока, а за него е 24-ти меч во низа на кој постигнува 30+ поени. Џахил Окафор ги предводеше пеликанс со дабл-дабл од 27 поени и 12 скока.

Оклахома го совлада Орландо со 126:117 за вкупно 32-ра победа сезонава. Пол Џорџ и Расел Вестбрук ги предводеа тандерси до ново славје, а Расел на оваа средба го оствари 121-от трипл-дабл учинок во кариерата.

Мечот го заврши со 23 поени, 14 скока и исто толку асистенции, додека Џорџ беше најефикасен со 37 поени. Вучевиќ со 27 поени и 11 скока беше најрасположен играч на Орландо.

Резултати НБА:

Хјустон рокитс – Њу Орлеанс пеликанс 116:121

Орландо меџик – Оклахома сити тандер 117:126

Кливленд кавалирс – Вашингтон визардс 116:113

Детроит пистонс – Милвоки бакс 105:115

Бруклин нетс – Чикаго булс 122:117

Сан Антонио спарс – Феникс санс 126:124

ЛА лејкерс – Филаделфија севенти сиксерс 105:121

 

- Оглас -

Најнови вести