Пеликаните делуваат поопасно со Зајон, Оклахома е нивната следна жртва

Бостон селтикс – ЛА клиперс (02ч, НБА)

Еден од двата НБА-меча кои ќе се играат ноќеска е вистинско дерби меѓу екипи кои конкурираат за шампионскиот трон. Бостон го пречекува квалитетниот тим на Клиперс во обид да ја спречи лошата серија против калифорниската франшиза. Келтите ги загубија последните четири меѓусебни дуели, меѓу нив е и првата овосезонска пресметка.

Клиперси воедно уживаат играјќи во „ТД гарден“ бидејќи славеа трипати во последните пет гостувања и во сите тие победи постигнаа најмалку 119 поени. Фактот што овој меч е дерби значи дека Ленард и Џорџ ќе треба да прикажат блескаво издание, додека Тејтум, Браун и Вокер ќе се обидат да им парираат на ѕвездите на Клиперс.

Предлог тип: >225,5 поени (1.95)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Оклахома сити тандер (02ч, НБА)

Откако Зајон Вилијамсон закрепна од повредата и се појави на паркетите во најсилната кошаркарска лига, Пеликанс почнаа да редат победи. Оваа сезона Њу Орлеанс само еднаш успеа да оствари серија од четири триумфи, сега стои на три добиени меча во низа, па ако првиот пик повторно одигра на високо ниво, Оклахома може да биде нивната следна жртва.

Домаќините не ги загрижува фактот дека загубија четири од последните пет меѓусебни дуели против Грмотевиците, од кои три порази се оваа сезона. Овој меч е последен од меѓусебната серија во регуларниот дел од сезоната, па се очекува Њу Орлеанс да направи сефте победа против Оклахома, која е во мала криза по разочарувањата против Бостон и Сан Антонио.

Предлог тип: 1 хен. -5,5 поени (2.15)

 

Тампа Беј лајтнинг – Едмонтон ојлерс (01ч, НХЛ)

Молњите силно удираа во изминатите осум дуели, а таа победничка серија ги доведе до позиција да се борат за првото место во Источната конференција. Расположението на Тампа Беј не би требало да опадне ниту во овој меч против Нафташите, иако претходните два меча ги добија дури во продолженија.

Едмонтон добро се држи на табелата на Западот и засега е во конкуренција да игра во плејофот, меѓутоа меѓусебниот биланс против Тампа Беј навестува дека ноќеска ќе го претрпат 27-миот овосезонски пораз. Тампа славеше во последните седум меча како домаќин против Едмонтон со просек од 3 постигнати погодоци на секој натпревар.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.22)

 

Торонто мејпл лифс – Далас старс (01ч, НХЛ)

Дуелите на Торонто и Далас често се возбудливи и украсени со голем број погодоци. Интересно е што во последните пет меѓусебни средби, во четири од нив славеше гостинскиот тим, како што Торонто триумфираше во последниот нивен меч кој се одигра пред две недели во Тексас.

Победа во оваа средба повеќе му е потребна на канадскиот претставник, кој е во битка за осмото место на Истокот кое води во разигрувањата. Далас се трет најефикасен тим на Западот, така што нивното учество во постсезоната е речиси загарантирано.

Предлог тип: >5,5 голови (1.75)

 

Вегас голден најтс – Сент Луис блуз (04ч, НХЛ)

Тимот на Сент Луис сè уште е во шок по несреќата која им се случи во мечот против Анахејм дакс. Нивниот член Џеј Боумистер се онесвести на сред мраз, има срцеви проблеми, па таа траума може да влијае врз гостинските хокеари. Иако е нечесно да се каже, Вегас може да ја искористи таа незгода и да запише убедлив триумф со кој ќе го подобри учинокот.

Барем не треба да се грижиме дали на мечот ќе има голови бидејќи во осум меѓусебни средби, просекот е 4 на погодоци, додека Витезите само еднаш загубија од Сент Луис на домашен терен.

Предлог тип: 1 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести