Пелисие го шокира Интер, Киево не знае за пораз во Серија А со Ди Карло

Доменико ди Карло го врати борбениот дух на екипата на Киево и под негова палка тимот останува непоразен и по денешниот меч со апсолутниот фаворит Интер.

За сензационално реми 1:1 се погрижи Серџо Пелисие со гол во 91. минута, откако претходно Интер водеше со 1:0 од 39. минута со погодокот на Иван Перишиќ.

Киево го именува Доменико ди Карло перд дуелот со Наполи на гости на 25. ноември и оттогаш на пет меча во Серија А, популарните „летечки магариња“ од Верона немаат пораз, односно имаат серија од пет нерешени дуели.

Интер пред дербито со Наполи во среда заостанува зад следниот противник за 8 бода на третата позиција, а големиот ривал Јувентус им бега за 13 бодови и тоа со меч помалку.

Во вториот меч денеска од 18 часот Парма и Болоња одиграа без голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести