Прва победа во АБА 2 – Пелистер се освежи на Златибор и на атрактивен начин ја прегази Сутјеска (Видео)

Пелистер одигра атрактивно и одлично против Сутјеска и ја забележа првата победа во АБА 2 лигата во вториот меч. По убедливиот пораз од Ловќен на Златибор, денеска битолчани беа многу подобри и славеа со 93:73.

Првото полувреме беше израмнето, а со атрактивна тројка со звукот на сирената Марјан Младеновиќ донесе предностз а Пелистер од 51:47 по 20 минути игра.

Претходно Игор Кесар имаше атрактивно забивање, а Пелистер беше во сосема поинаков мод од стартниот меч кога згаубија од Ловќен со 108:85.

https://twitter.com/ABA_League2/status/1449053359227424768?s=20

Во третиот период што беше и клучен за победата на Пелистер се разигра македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски, кој постигна 11 поени во тој период и беше најзаслужен за разликата од 11 поени, 27:16 по 10 минути игра во третата четвртина.

Битолчани потоа рутински ја одржуваа разликата и заслужено слават прва победа во АБА 2 лигата.

Малешевиќ и Трајковски со по 16 поени беа најефикасни во редовите на македонската екипа, Хаутон и Трајковски постигнаа по 14, Младеновски даде 13, а Кесар 12 поени.

Најефикасни на мечот беа двајцата кошаркари на Сутјеска, Томашевиќ со 23 поени и Спасојевиќ со 20 поени.

Во третото коло ќе има македонско дерби во АБА 2, а меѓусебе ќе играат МЗТ Скопје и Пелистер на 10. ноември. Двете екипи имаат по една победа и пораз на стартот од новата сезона во Регионалното натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести