МЗТ Скопје и Пелистер со рутински победи го почнаа плејофот за титулата

МЗТ Скопје и Пелистер со рутински победи го почнаа плејофот за титулата во македонското првенство.

Битолчани стартуваа од втората позиција и со триумф од 94:83 против Еуро Никел најавија дека се кандидати за големото финале.

Никола Малешевиќ со 27 поени и шест асистенции и Игор Кесар со 24 поени и по четири скока и асистенции беа тандемот што го предводеше Пелистер до стартната победа во полуфиналната плејоф серија со кавадарчани.

Бранислав Џекиќ со 24 поени беше најефикасен кај гостите, но Еуро Никел има негатива од 0:1 во победи.

Веднаш потоа на предизвикот од Пелистер со победа против ТФТ Скопје во градското дерби на главниот град одговори и актуелниот првак МЗТ Скопје.

Аеродромци беа најдобрата екипа по регуларниот дел на првенството и на првиот меч со ТФТ ја оправдаа улогата на топ фаворит за титулата со триумф од 77:52.

Како домаќини ги добија сите четири четвртини и лесно го победија тимот што ги надигтра во финалето на националниот куп.

Немања Милошевиќ со 13 поени беше прв кошгетер кај победничкиот тим, Дејвис даде 12, а по 10 поени уфрли братскиот тандем, Војдан и Дамјан Стојановски.

Хортон и Костовски беа најефикасни кај ТФТ Скопје со 13, односно 10 поени.

Полуфиналните плејоф серии се играат до две победи за пласман во големото финале.

 

- Оглас -

Најнови вести