Пелистер ќе игра на фајналфор-турнирот во Задар во СЕХА-лигата откако вечерва во драматичен меч во Битола на пенали го елиминира Мешков Брест.
Домаќините немаа среќа во финишот на регуларниот дел и примија гол во последната секунда за 23:23, но фортуната им се насмевна при изведувањето на седмерците.
Во пенал-серијата за битолчани погодија Кузмановски, Дејвид, Хосни и Пешевски, а промаши само Радовиќ во втората серија, додека голманот Лесјак фати два пенали и Пелистер ќе игра на фајналфор турнирот во Задар од 2 до 4 септември.
https://twitter.com/SEHALeague/status/1562875370491514881?s=20&t=QwWlnom5IqqN_6fmTNSPXQ
Пелистер ќе игра во полуфиналето во Задар против Веспрем, а во второто полуфинале, и тоа хрватско, ќе го играат Загреб и Нексе, откако Нексе вчера го елиминира Вардар на пенали со 32:30.