На стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, македонскиот првак Пелистер загуби, и тоа на гостувањето во Париз од ПСЖ. Францускиот гигант очекувано се радуваше на победа, но малку фалеше да се случи изненадување. ПСЖ на крајот победи со 31:29.
Пелистер добро започна и водеше со 4:3, а потоа ПСЖ со четири гола во низа, стигна до 7:4. До крајот на првото полувреме, ПСЖ стигна и до највисоката предност од пет гола (18:13).
Во второто полувреме, ПСЖ стигна и до осум гола предност (25:17), а потоа Пелистер заигра многу подобро. За кратко време резултатот беше 27:25. Во финишот на дуелот, Пелистер стигна и само на еден гол заостанување (30:29), но ПСЖ не дозволи изненадување и на крајот даде гол за победа од два погодоци разлика.
Филип Кузмановски беше најдобар во Пелистер постигнувајќи осум гола од 11 обиди, а Жарко Пешевски даде шест гола.