Екипата на Пелистер ќе ира против италијанскиот тим Реџо Емилија на квалификацискиот турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Доколку битолчани победат против Реџо Емилија ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Орадеа – Антверпен. Пласман во финалето ќе значи дека ќе игра против најдобриот од пресметките меѓу ПАОК – Дерби и Бурсаспор – Ловен.
Сепак, дури и во случај на елиминација во овие квалификации, тоа нема да биде крај на европскиот настап на Пелистер бидејќи е речиси сигурно дека битолчани автоматски ќе ги продолжи настапите во групната фаза од ФИБА Европскиот куп.
Квалификациските мечеви треба да се играат од 23-28 септември.