8.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Пелистер доведе уште едно засилување

Македонскиот прволигаш Пелистер го доведе Даниел Карчески како ново засилување за следната сезона. Тој ќе ја засили левата бековска позиција во тимот со своето големо искуство и квалитет.

Раководството на битолскиот тим се обидува да оформи конкурентен состав за враќањето во елитата. Минатата сезона тој го носеше дресот на Тиквеш, а сега ја прифати понудата на Пелистер за преселба во Битола.

Карчески е дете на Победа, а во својата кариера, освен за екипата од Прилеп, во македонскиот шампионат настапуваше и за екипите на Силекс и на Тиквеш.

- Оглас -

Најнови вести