5.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Пелистер доведе уште едно засилување од Србија

Пелистер се пофали со уште едно српско засилување за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Се работи за 20-годишниот фудбалер Михајло Петровиќ, кој во Пелистер доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната.

Петровиќ е офанзивен играч за врска кој потекнува од фудбалската школа на Партизан, а ги минал и сите младински категории на српската репрезентација.

Тој доаѓа на барање на тренерот Милан Стојановски, кој го познава фудбалерот од периодот поминат во Телеоптик.

- Оглас -

Најнови вести