18.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Пелистер е елиминиран од ЛШ, но продолжува во ФИБА Европа купот

Кошаркарите на Пелистер се елиминирани од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на ФИБА од италијанскиот претставник Реџана со 99-87. Италијанците уште од самиот почеток на мечот кој се играше во Самоков, Бугарија, најавија дека планираат да ја оправдаат фаворитската улога, а на крајот тоа и се случи.

Битолчани имаа само едно водство, на самиот старт од натпреварот, кога поведоа со 5-4, и тоа беше се што успеаја да направат на овој натпревар. Сепак, европската сезона за кошаркарите на Пелистер не завршува тука, бидејќи поразените екипи од квалификациите за Лигата на шампионите имаат директно место во групната фаза од Европскиот куп на ФИБА, па во Битола есенва ќе се гледа и европска кошарка.

Што се однесува во мечот против Реџана, најефикасен во редовите на Пелистер беше Кевин Дејвис со 20 поени, два помалку уфрли Вилсон Џуниор. Од македонските кошаркари, двоцифрен ефект имаа Бобан Стајиќ и Андреј Митревски, двајцата по 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести