Тетекс на стадионот во Јегуновце денеска од 15:30 часот ќе го пречека Пелистер во меч од првото коло во Купот на Македонија. Гостите ја имаат фаворитската улога, но Тетекс секогаш кога игра пред своите навивачи, императивот е да се победи, па макар тоа било и против прволигашки ривал.
Тетовци по првите две кола во Втората лига имаат победа (дома со 3:2 против Детонит) и пораз на гости од Вардар Неготино со 1:2. Пелистер има две победи и два порази, а битолчани на три од овие четири средби одиграа со многу погодоци, и тоа на двете страни.
Тоа значи дека денеска може да се очекува отворена игра и погодоци на двете страни, иако влогот е голем затоа што поразениот ќе биде елиминиран од Купот.
Квотите во Sport Life го фаворизираат Пелистер, а интересно е дека квотата за ГГ3+ е над два.
Освен мечот во Јегуновце, денеска во Купот ќе се сретнат и Пчиња и Новаци.