Пелистер е фаворит во дербито, Чаир дома доминира, а има и дерби на дното

Четири од петте меча од 18 коло на Прва кошаркарска лига се играат денеска и сите ги има во понудата на Sport Life. Пелистер кој беше шокиран и не успеа да го освои трофејот во Купот, ќе гостува кај ТФТ. Битолчани се фаворити, но не треба да се занемари фактот дека ТФТ на свој терен има шест победи во осум дуели. Сепак, традицијата вели дека Пелистер победи на сите пет последни пет меча со овој ривал.

Гостинска победа се очекува и од Еуро Никел кој ќе игра во Охрид против тимот кој има само три победи. Дербито на дното е меѓу Вардар и Кожув, два тима кои претрпеа дури 14 порази во досегашниот дел од сезоната.

Како единствен домаќин-фаворит се издвојува Чаир во дуелот со Гостивар. Чаирчани дома имаат седум победи и само еден пораз, па јасно е дека и овојпат ќе атакуваат на триумф.

- Оглас -

Најнови вести