Пелистер е превисок за Шенчур: Битолчани слават голема победа на балонот во Суботица

Екипата на Пелистер ја забележа првата победа воопшто на македонските екипи на првиот турнир од АБА-2 лигата. Битолчани попладнево беа подобри од словенечкиот претставник Шенчур со 82-78, дури после продолженија, откако мечот во регуларните 40 минути заврши 69-69.

Пелистер во текот на целиот натпревар ја имаше резултатската предност на своја страна, на моменти во првото полувреме дури и +12. Сепак, лошата игра во второто полувреме ги врати во игра кошаркарите на Шенчур, кои на крајот се изборија за продолжение. Таму, Пелистер повторно покажа дека е подобар противник и успеа да дојде до победата на отворањето на второто коло од јадранското второлигашко друштво.

Одлучувачки на крајот се покажаа двете тројки на Александар Костовски во последната минута од мечот, кога беше направена клучната предност. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Андреј Маслинко со 21 поен.

- Оглас -

Најнови вести