Седмото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе биде комплетирано со мечот на Пелистер и Башкими во Битола.
Домашните се во катастрофална форма и на последните два меча имаат два порази со гол-разлика од нула дадени и седум примени гола, и тоа од екипи кои се под нив на табелата, Арсими (0-4) и Работнички (3-0).
Сепак, според квотите во Sport Life, токму Пелистер има поголеми шанси за победа. Квотата за победа на битолчани е 2.00, додека триумф на Башкими во Битола има квота од 3.25. Нерешениот резултат е со квота од 3.15.
Овие две екипи во сезоната 2023/24 заедно беа дел од второлигашката конкуренција, а тогаш Пелистер ги доби двата меча, 4-0 во Битола и 1-2 на гости во Куманово.