Пелистер го згасна Мотор во Дизелдорф, Хенеберг одигра симултанка со 14 гола и со цепелин од прва класа (Видео)

Еурофарм Пелистер ја искористи поддршката на Македонците во Дизелдорф и околните места во Германија и вечерва го победи Мотор Запорожје со 33:30 во меч од ЕХФ Лигата на Европа.

Украинците играа на неутрален терен во германскиот град како домаќини, а испадна како да е домашен за битолчани поради громогласните македонски симпатизери на трибините.

Со одлична игра за поддршката им возвратија ракометарите, а блескаше Данецот во Пелистер, Себастијан Хенеберг.

Искусниот бек имаше брилијантен учинок од 14 гола само со две утки. Ги погоди првите 13 удари, а промаши дури во 14-тиот обид.

Особено атрактивен беше цепелинот што го реализира со помош на асистентот Танкоски како најубав момент на мечот.

https://twitter.com/ehfel_official/status/1597654221968457729?s=20&t=kcG5BA6wpzCw9RBEt4n8Gw

Одличен беше и голманот Лесјак, кој бранеше извонредно, а сите Пелистерци вечерва одиграа на посакуваното ниво.

Радовиќ даде 4 гола, а Пешевски, Танковски и Василев дадоа по три.

Сега битолчани имаат две победи и два порази и полека, но сигурно се движат кон пласман во следната рунда.

 

 

- Оглас -

Најнови вести