Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид со убедливи победи го започнаа пролетниот дел од ракометната Супер лига и ја продолжуваат потерата по лидерот Вардар.
Актуелниот шампион на Македонија, битолски Еурофарм Пелистер со 39-24 славеше над помладиот брат – Еурофарм Пелистер 2.
„Фармацевтите“ од Автокоманда со 37-29 беа подобри од Пролет на домашен терен.
Ова коло убедливи победи забележаа и Бутел на гостувањето кај Струга со 24-35, како и Тиквеш пред своја публика над Радовиш со 44-23.
Претходно, Вардар славеше над Куманово во петокот, додека Охрид во средата беше поуспешен од Прилеп.
На табелата во водство е Вардар со 36 бода, втор е Еурофарм Пелистер со 32 поени, додека по 31 бод имаат Охрид и Алкалоид.

