Пелистер официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој битолскиот клуб има јасна цел, да го поправи впечатокот од слабите настапи во есенската полусезона и да прикаже сосема поинакво лице на теренот.
Во наредниот период се очекуваат и неколку засилувања, по што Пелистер ќе замине на подготвителен камп во Анталија. До 17 јануари фудбалерите ќе тренираат во Битола, а потоа следуваат две недели подготовки во Турција.
За време на престојот во Анталија, клубот има договорено три контролни натпревари, на 20 јануари со Спартак Суботица (Србија), на 24 јануари со Железничар (БиХ) и на 28 јануари со Невбахор Наманган (Узбекистан).
Брера исто така денеска ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата во Струмица, втората во Грција од 20 до 31 јануари додека последната повторно на свој терен во Струмица.

