23.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Пелистер и Струга ТЛ се фаворити дома, но Тиквеш и Арсими не се предаваат предвреме

Мечевите од петото коло во Прва македонска фудбалска лига треба да се комплетира денеска со двата меча кои преостанаа. Од 15:30 часот, Струга Трим Лум ќе го пречека Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19 часот, во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе играат Пелистер и Арсими.

Струга ТЛ има перфектни четири победи досега и одлична гол-разлика од 11 дадени и само еден примен гол. Од друга страна, Тиквеш уште е без победа и со само два освоени бода.

Интересно е дека на четири од последните шест прволигашки пресметки на овие два тима, имало четири или повеќе голови, што значи дека може да се очекува возбудлив дуел на стадионот во Струга.

Пелистер сезонава одигра само еден меч дома и победи со 2:0, а сега битолчани очекуваат нова радост во дуелот со дебитантот во Прва лига, Арсеми. Екипата на Арсими има само два бода од првите четири кола и вкупно постигна само два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести