6.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Пелистер и Тиквеш се задоволија со бод и одиграа мирен меч без голови

Екипите на Пелистер и на Тиквеш одиграа 0-0 и според тоа како играа, се чини дека двата тима се задоволни и ја остварија целта да не примат гол и да не останат непоразени.

Мирно беше на теренот, исто така и на трибините, каде што збратимените Чкембари и Лозари беа заедно, па со ремито нема незадоволни.

Тиквеш ја прекина серијата од два порази по ред, а битолчани имаат две ремија во последните три кола, но во Првата лига не победиле уште од 25 август. По 11 кола, двата тима имаат постигнато едноцифрен број голови и имаат едноцифрен број бодови, па се наоѓаат во долниот дел од табелата, под нив се само Работнички и Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести