2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Пелистер игра блескаво, вкупно пет екипи со максимален учинок по трите кола

Екипата на Пелистер одигра уште еден одличен меч и победи на гостувањето кај Каменица Саса со 3:0 во меч од третото коло во Втора фудбалска лига на Македонија. Битолчани водеа со 1:0 на полувреме, а во второто полувреме постигнаа уште два гола за нови три бода.

Со максимален учинок има уште четири екипи и тоа се Беса, Кожуф, Детонит и Башкими. Разликата меѓу овие и Пелистер е тоа што битолчани се единствени кои немаат примено ниту еден гол досега.

Резултати: Беласица – Тетекс 2:0, Детонит – Арсими 1:0, Каменица Саса – Пелистер 0:3, Караорман – Вардар Неготино 2:0, Кожуф – Скопје 4:2, Новаци – Беса 1:4, Осогово – Башкими 2:3, Победа – Охрид 0:0.

- Оглас -

Најнови вести