Пелистер истакна кандидатура за титулата, вторпат го победи МЗТ Скопје, но сега сред Аеродром!

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, го доживеа вториот пораз сезонава на домашна сцена и тоа вторпат од истиот противник, битолски Пелистер, но сега сред Аеродром со 76-82.

Битолчани со оваа победа истакнаа кандидатура и за титулата оваа сезона, после неколку сезони во кои и покрај сериозните финансиски вложувања, ниту еден трофеј не отпатува за Битола.

Пелистер одлично го отвори мечот и ја доби првата четвртина со убедливи 14-24. „Штрковите“ ги добија следните два периода, но само за да намалат на два негатива, но пресудна беше последната четвртина која ја добија битолчани со 17-13.

МЗТ Скопје останува лидер на табелата со 12 победи од 14 меча, една победа повеќе од второпласираниот Еуро Никел и по две од Пелистер и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести