Македонскиот ракометен клуб, Пелистер го освои треттото место на Ф4 турнирот од СЕХА Лигата кој се одигра во Задар.
Нашиот тим со 27:24 го совлада Нексе во мечот за бронзата, а најефикасен беше Усама Хосни со шест постигнати погодоци.
Во финалето, пак до петтата круна стигна екипата на Веспрем која што го победи Загреб со 32:30.
Со овој триумф, унгарскиот тим стигна до петтата титула во СЕХА лигата, исто колку што и има Вардар и со тоа овие две екипи се најтрофејни во регионалната ракометна лига.