Пелистер и Шкендија ремизираа 0:0 во последниот меч од деветтото коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Битолчани конечно се израдуваа на еден бод, прекинувајќи ја негативната низа од пет порази по ред во првенството.
Со овој бод Пелистер сега има седум бода и останува на 10-тото место на табелата. Шкендија сега има 21 бод и е на третото место на табелата. Со еднаков број бодови е Вардар на второто место, а лидер е Струга ТЛ со 23 бода.

Во првото полувреме на стадионот „Петар Милошевски“ речиси и да немаше возбудувања. Пелистер ја имаше првата голема шанса во 60-тата минута, но гостинскиот голман одбрани зицер. Во последните 20-тина минути Шкендија напаѓаше, но Пелистер успешно се одбрани.

