Кошаркарите на Пелистер и Борац од Бања Лука ќе ја имаат честа да го отворат последниот балон-турнир од јадранската АБА 2 лига во Широки Брег. Дуелот започнува во 15 часот, а двете екипи влегуваат со императив за победа бидејќи од епилогот на овој натпревар многу работи ќе станат појасни околу пласманот во четвртфиналето.
Според квотите во Sport Life, Пелистер има мала предност на овој меч со квота од 1.75, додека квотата за претставникот на БиХ е 2.15. Битолчани имаат ефект од четири победи и во моментов се наоѓаат на деветтата позиција на табелата, додека нивниот денешен противник има една победа повеќе на седмото место.
На турнирот во Широки Брег денес ќе се одиграат вкупно три натпревари, а останатите македонски претставници, МЗТ Скопје и ТФТ, својот настап го започнуваат утре, со меѓусебен дуел во 21 часот.