Кошаркарите на Пелистер го совладаа Куманово со 113-75 во натпреварот од првата кошаркарска лига на Македонија, со што битолчани потврдија дека се во добра кошгетерска форма откако во минатото коло уфрлија 122 поени против Вардар. Екипата на тренерот Марјан Илиевски е непоразена, но одигра само три меча.
Еуро Никел го изненади МЗТ Скопје Аеродром во „Јане Сандански“ со 87-75, а јунак на средбата беше искусниот Дарко Соколов, кој против својот поранешен клуб уфрли 30 поени. Солидни партии против МЗТ имаа уште тројца поранешни негови членови, Мијатовиќ, Караколев и Јане Петровски. Кавадарчани последната четвртина ја добија со 33-19 и го шокираа домаќинот кој сезонава игра доста променливо.