Нигериецот Чуквуди Чуквума е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Пелистер, а во Битола пристигна од редовите на чешкиот третолигаш Сокол Брозани.
Чуквума има 27 години и е напаѓач, а покажа и потенцијал со настапите за чешкиот прволигаш Теплице, чиј член беше од 2014 до 2016 година, но договорот му беше поништен поради здравствени проблеми.
Теплице во 2014 година потпиша четиригодишен договор со Нигериецот, но на половина пат го прекина.
Во 2016 година беше објавено дека Чуквума има хронични здравствени проблеми, но не беше објаснето за што се работи.
Нигериецот потоа играше како во второлигашот Вансдорф, па во третолигашот Сокол и сега е нов играч на Пелистер.
Битолчани се подготвуваат за стартот на вториот дел од македонското првенство. Во недела на 13 февруари како последнопласирана екипа во Првата лига, Пелистер ќе му биде домаќин на Работнички во обидот да приреди подвиг и да се спаси од испаѓање до крајот на сезоната.