Пелистер лесно ја мина „Автокоманда“ и останува на +5 од Вардар, Охрид „гледа“ кон Европа

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, лесно мина на гостувањето во скопска „Автокоманда“ и убедливо го победи Алкалоид со 25-35. Битолчани со оваа победа остануваат на +5 од единствениот конкурент за титулата, Вардар, со кого ќе се сретнат веќе во вторник и тоа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер уште од стартот на дуелот против Алкалоид наметнаа ритам и дадоа до знаење дека немаат намера да изгубат бод(ови) на ова тешко гостување. Од друга страна, Алкалид, кој минатата сезона беше вицешампион на Македонија, со овој пораз падна на четвртата позиција, откако Охрид победи на гостувањето во Кавадарци и ги мина на табелата.

Охриѓани победија во битката за Европа со Тиквеш со 22-25 и сега имаат два бода повеќе од Алкалоид и четири плус од Тиквеш. Според ранкингот на ЕХФ, Македонија следната сезона во европските натпреварувања ќе ја претставуваат четири екипи, по две во Лигата на Европа и Европскиот куп.

Табела: 1. Еурофарм Пелистер 23, 2. Вардар 18, 3. Охрид 17, 4. Алкалоид 15, 5. Тиквеш 13 …

- Оглас -

Најнови вести