Пелистер не го дава врвот, рутински го победи Феникс

Пелистер останува лидер во Суперлигата на Македонија, а со нова победа, вечерва против Феникс од 77:69, се зацврсти на врвот на табелата со 44 бода.

Битолчани предводени од одличниот Игор Кесар, кој постигна 20 поени, постојано водеа, најмногу со 18 поени разлика, 37:19 во вториот период и рутински ги освоија бодовите.

Крстајиќ постигна 17 поени, а Караџовски уфрли 10 кај гостите од Битола. Феникс се обиде да приреди подвиг, но имаше само тројца расположени кошаркари со двоцифрен учинок во поени, премалку за да се победи лидерот во македонското првенство.

Бојан Трајковски со 23 поени и 11 скока беше најдобар кај Феникс, Џонс постигна 19, а само уште Митревски со 13 поени беше двоцифрен.

Феникс е на шестото место во Суперлигата со 35 бода по 23 одиграни натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести