Тимот на Еурофарм Пелистер попладнево (17 часот) гостува кај Металопластика во мечот кој се игра во рамките на четвртото коло во СЕХА лигата.
Битолчани ќе се обидат да остварат двоен триумф над српскиот состав откако ја добија првата овосезонска пресметка со 30:26 на домашен терен. Избраниците на Жељко Бабиќ ќе сакаат и да го поправат впечатокот од единственото гостување во Шабац пред две години, кога Пелистер претрпе минимален пораз со 27:26.
Фаворитската улога во овој меч му припаѓа токму на Еурофарм според квотите во Sport Life, но тоа треба да се потврди и на теренот. Со евентуален триумф македонскиот вицепрвак ќе се зацврти на второто место во групата А, а со тоа ќе направи и чекор понапред кон пласманот во фечтвртфиналната фаза од регионалното натпреварување.