Еурофарм Пелистер немаше сили да парира на европскиот гигант Барселона и загуби убедливо со 30:34 на меч кој се играше во Битола. Ова беше дуел од петото коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Барселона стигна до четвртата победа и осум бодови што е доволно за второто место на табелата. Пелистер останува со само два бода и е на претпоследното седмо место.
Добро започна Пелистер и парираше на големиот ривал речиси 20 минути. Од почетокот се играше гол за гол, а Пелистер водеше со 9:8 по 15 минути игра.
Барселона ја презеде предноста со 11:10 во 18 минута, а потоа каталонскиот гигант влезе во одличен ритам и со низа од 4:0 стигна до високи 15:10. На полувреме резултатот беше 17:13 за гостите.
Во второто полувреме Барселона постојно го контролираше водството.
Беше 24:17 во 40 минута, а тие 7 разлика беа и на 10 минути до крајот кога беше 30:23.
Пелистер реши достојно до крај да се бори и намали на 28:32 во 57 минута, а на крајот резултатот беше 30:34.