6.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Пелистер поразен на гостувањето кај РК Загреб

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, загубувајќи на гостувањето кај Загреб со 27-23 во последниот овогодишен натпревар во елитата. По овој неуспех, шансите за пласман во осминафиналето се сведоа на минимум.

Тренерот Рубен Гарабаја можеше да смета на речиси сите играчи, освен повреденото крило Цветан Кузманоски. Во составот се врати Самоил Ристевски, а на голот предност доби летното засилување Саид Хаидарирад, додека Никола Митревски остана во втор план.

Натпреварот започна одлично за битолскиот тим – Кузмановски и Видомски донесоа предност од 5-1, а „Нинџа“ на голот имаше неколку клучни интервенции. Меѓутоа, Загреб постепено се врати во игра и на полувреме водеше со 14-12.

Во вториот дел, домашниот тим ја зголеми предноста, а дебитантот Мештриќ на голот направи неколку сензационални интервенции. Пелистер продолжи да промашува, а Мештриќ запиша дури 11 одбрани во второто полувреме, што го постави резултатот на конечни 27-23 за Загреб.

Најефикасен кај Пелистер беше Кузмановски со седум гола, додека Манасков и Видомски постигнаа по три. Кај Загреб, Главаш беше прв стрелец со десет погодоци.

По десет кола, Пелистер има четири бода, а Загреб ги забележа првите два и останува на дното на табелата. Лигата на шампионите продолжува по два месеци, а првиот противник за битолчани во новата година ќе биде Висла Плок.

- Оглас -

Најнови вести