Македонскиот вицепрвак Пелистер го потврди учеството во АБА2-лигата за сезоната 2022/23. Заедно со освојувачот на Купот, тимот на ТФТ Скопје, битолчани ќе ја претставуваат македонската кошарка во јадранскиот шампионат.
Втора сезона по ред Пелистер ќе биде дел од регионалното првенство. Во нивниот премиерен настап во ланската сезона, избраниците на Марјан Илиевски завршија на 11-тото место во АБА2, па тоа искуство ќе го пренесат во следните предизвици.
Во отсуство на Кесар кој кариерата ја продолжи во Романија, Пелистер го сочува поголемиот дел од тимот и сега на ред е да се додаде на квалитет за екипата да биде уште поконкурентна.
Покрај двата претставници во АБА2, Македонија ќе има претставник и во најелитното друштво во АБА-лигата, шампионот МЗТ Скопје Аеродром.