Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, вечерва го игра последниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите против ПСЖ на домашен терен. Битолчани се веќе елиминирани, иако беа блиску и да минат во осминафиналето, но и покрај се, сакаат со победа над големиот ривал чесно да се збогуваат од Лигата на шампионите.
Дополнителен мотив за ракометарите треба да биде и распродадената сала „Боро Чурлевски“ во Битола, па Светците ги очекува вистински пекол против Еурофарм Пелистер.
Квотата за победа на македонскиот шампион во понудата на Sport Life е фантатсична, 5.60, но ПСЖ е фаворит со квота од 1.22.
Вечерва ширум Европа се играат четири меча од последното коло на групната фаза од ракометната Лига на шампионите, а сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.
Дел од богатата ракометна понуда во Sport Life се и ракометарите со најпопуларната игра „плус-минус“ голови. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.