Пелистер против МЗТ Скопје Аеродром со нов тренер на клупата

Екипата на Пелистер како првопласирана заврши по регуларниот дел од кошаркарското првенство на Македонија и со големи амбиции влезе во плејофот за разигрување за титулата. Битолчани без проблеми го минаа четвртфиналето, а сега ги очекува полуфиналниот предизвик против МЗТ Скопје Аеродром.

Полуфиналето се игра во три добиени меча, а Пелистер ја има предноста на домашен терен. Сепак, непосредно пред стартот на дуелите со актуелниот освојувач на Купот, битолчани се соочија со неочекуван проблем. Од клубот информираа дека поради здравствени проблеми, тренерот Марјан Илиевски нема да може да ја предводи екипата до крајот на сезоната. На негово место е донесен Србинот Небојша Видиќ.

„КК Пелистер ја информира јавноста дека заради здравствените проблеми на тренерот Марјан Илиевски, принудена е да доведе нов привремен тренер на екипата. Српскиот стручњак Небојша Видиќ ќе го води тимот во плеј-офот. Тој веќе се запозна со екипата и го одработи првиот тренинг. Клубот потенцира дека, како што е предвидено и според договорот, Марјан Илиевски ќе се врати на подготовките и ќе ја води екипата во сезоната 2021/22. На тренерот Илиевски му посакуваме успешно заздравување, а на тренерот Видиќ успешна работа“, стои во соопштението од КК Пелистер.
- Оглас -

Најнови вести