Со натпреварите во Кавадарци и Куманово се комплетираше третото коло од Првата македонска фудбалска лига. Пелистер рутински славеше над Шкупи со 2-0 како домаќин во Кавадарци и дојде до втората победа по ред, откако минатото коло славеше и над Брера на гости.
Втора победа по ред забележа и Башкими, кој на домашен терен со 3-1 беше подобар од Тиквеш. Два погодоци за екипата од Куманово постигна Филип Алексовски, додека во листата со стрелци се запиша Марко Симоновски. Погодокот за Тиквеш беше дело на Александар Мишов.
По комплетирањето на третото коло, на врвот од прволигашката табела се Силекс и Струга со по максимални девет бода. Следуваат Шкендија, Вардар и Башкими со по седум, додека првата половина ја комплетира Пелистер со шест поени.