Вардар со 3:1 го победи Пелистер во Битола, а по завршувањето на дуелот, домаќините реагираа на судењето. Преку соопштение, од Пелистер потенцираа дека биле оштетени во дуелот со Вардар, но очигледно е дека битолчани немаат многу основа да се бунат.
На почетокот на второто полувреме имаше многу спорна ситуација во шеснаесетникот на домаќините. Дарко Сековски шутираше, а еден играч на Пелистер во обид да блокира, со рака ја “одбрани” топката да не продолжи кон голот на домаќините.
По овој судиски превид, од Вардар не реагираа премногу. Гостите продолжија да напаѓаат и во второто полувреме постигнаа два гола за победа на “жешкиот” терен во Битола.