Битолски Пелистер ќе игра полуфинале на кошаркарскиот плејоф против Работнички, откако со 3-0 го елиминураа Еуро Никел.
Третиот меч се играше во Кавадарци, а битолчани предводени од квартетот Магдевски, Планиниќ, Маслинко и Мијовиќ, победија со 79-69.
Работнички ќе ја има предноста на домашниот терен во оваа полуфинална серија. Другата полуфинална двојка ќе ја сочинат подобрите од дуелите МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2-0) и ТФТ – Чаир (2-1).