Пелистер со победа над Работнички покажа дека е најдобар по регуларниот дел

Пелистер без многу проблеми го победи Работнички со 94:77 во меч од 22-рото коло на кошаркарската Прва лига на Македонија. Со овој триумф, битолчани само потврдија дека се најдобри и како лидери завршуваат по основиот дел од првенството, со 17 победи и само пет порази.

Уште во првата четвртина Пелистер покажа дека е решен да победи и имаше водство од 31:20. Во втората четвртина водството на домаќините стигна и до 19 разлика (51:32) и уште тогаш беше јасно дека Пелистер ќе победи. Во второто полувреме, битолчани без проблем ја чуваа убедливата предност и до крајот на средбата во ниту еден момент не дозволија предноста да падне и под 13 разлика.

Во вториот меч кој се играше денеска, Гостивар го победи ТФТ со 115:109, и тоа дури по продолжување од пет минути. Со оваа победа Гостивар стигна до петтото место, а ТФТ падна на шестата позиција.

По 22 кола, Пелистер е лидер со 39 бода, пред Еуро Никел со 37, колку што има и третиот Работнички. МЗТ Скопје е четвртопласиран со 35 бода, но има и меч за доигрување против Црн Дрим.

Фото: Димитар П.

- Оглас -

Најнови вести