Пелистер со пресврт го елиминира Тетекс од Купот на Македонија

Пелистер се избори за место во следната рунда од фудбалскиот Куп на Македонија откако во Битола славеше над Тетекс со пресврт, 1-2.

Тетовци први стигнаа до предност. Во 35-тата минута Даниел Николовски ја затресе мрежата и им донесе радост на домашните навивачи. Но, предноста не траеше долго. Во второто полувреме Зелено-белите заиграа поорганизирано и решително.

Израмнувањето стигна преку Христијан Стојановски во 52-рата минута, а победата ја донесе искусниот Стефан Спировски со погодок пет минути пред крајот на мечот. Со тој гол Пелистер обезбеди целосен пресврт и сигурен билет за наредната фаза.

Во другата средба од денешната куп-програма, Пчиња доживеа убедлив пораз од Новаци (0-3). Стефан Каревски постигна два гола, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Антонио Марцевски.

- Оглас -

Најнови вести