Македонскиот прволигаш Пелистер на убав начин прослави 80 години постоењето. Битолскиот тим го победи романскиот клуб Динамо Букурешт со 2-0 во пријателски натпревар што се одигра на стадионот „Петар Милошевски“.
Во 75-тата минута, гостинскиот дефанзивец Тоадер си постигна автогол за водство на Пелистер. Конечниот епилог го постави Александар Ристевски со успешно реализиран пенал во финишот од мечот.