Навивачите кои купиле карта, а сепак не влегоа во салата „Боро Чурлевски“ во Битола да го следат ракометниот меч меѓу Македонија и Турција, утре ќе можат да си ги вратат парите дадени за билетот кој не го искористиле. Од Ракометната федерација на Македонија известија дека РК Пелистер ја презема одговорноста за билетите, а денеска стигна соопштение и од битолскиот клуб.
Почитувани,
“Искрени и чесни љубители на ракометот, во Битола беше празник на ракометот по 13 години – Македонска репрезентација во храмот на ракометот во Македонија ! И покрај многубројните известувања и соопштенија, веројатно има и многу луѓе кои не научиле што е спортска култура и Меѓународен спортски натпревар , не научиле дека на спортски натпревар се влегува со карта, картата важи за едно лице, таа треба да е оргинална , а не фалсификат ! Уште еднаш јавно се извинуваме до сите искрени и чесни љубители на ракометот кои купија карта, а не беа во можност да влезат и да присуствуваат на натпреварот Македонија : Турција затоа што некои други несовесни гледачи го зедоа нивното место. За сите нив кои имаат уредно купена карта ги покануваме од утре, 27.10.2018, од 09ч на истото место каде што ги купиле картите да ги вратат и парите ќе им бидат рефундирани …. Ве известуваме дека како организатори дел од средствата ќе ги донираме за Сара Настевска … Спортски поздрав …, стои во соопштението на РК Пелистер.
Македонија со 31:27 ја победи Турција, салата беше преполна, а навивачите создадоа одлична атмосфера.
Фото: Димитар Петковски