Пелистер во 24 коло се израдува на првата победа, Академија Пандев и Шкендија остануваат во „мртва трка“ за второ место

Екипата на Пелистер се израдува на првата победа сезонава. Требаше да поминат 24 коло за битолчани конечно да слават во Прва лига. На свој терен, Пелистер со 2:0 ја победи Брегалница.

Љамчевски во 23 минута ја најави победата, а триумфот беше подврден со гол во 89 минута.

Ако Пелистер направи изненадување, во останатите мечеви беа постигнати очекувани резултати. Академија Пандев со 2:1 славеше на гости кај Тиквеш и тоа со голот на Томовски во 90 минута. Претходно Велиновски погоди за водство на гостите, а Нгоба израмни на 1:1 во 54 минута. На овој меч во првиот дел имаше една спорна ситуација кога не беше признат гол за Тиквеш во една спорна ситуација.

Шкендија немаше проблеми и со 2:0 победи на гости кај Скопје, додека Македонија Ѓорче Петров минимално со 1:0 го победи Борец. Ренова на свој терен со 2:1 беше подобар од Работнички.

Табела: Шкупи 58 бодови, Академија Пандев 48, Шкендија 47, Македонија Ѓорче Петров 43, Ренова 36, Брегалница 36, Работнички 31, Струга 30, Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 10.

- Оглас -

Најнови вести