Пелистер во Барселона игра меч за уживање, дилемата е дали ќе загуби со двоцифрена разлика?

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, и тоа против најтрофејниот европски клуб Барселона. Во претходните 13 меча битолчани освоија шест бода и немаат шанси да одат во осминафиналето, па на крајот ќе завршат на седмото место на табелата. Барселона има 12 победи и еден пораз, а со триумф над Пелистер само ќе го потврди првото место во групата и директно место во четвртфиналето.

Тренерот на Пелистер, Стефче Алушовски, знае дека Барселона е „друг свет“, но секако дека Зелено-белите ќе се обидат да го дадат најдоброто.

„Барселона е лидер во нашата група, станува збор за една екипа која во моментов веројатно го игра најдобриот ракомет во Европа. Овој тим има свој систем кој долго го практикува. Јасно е дека Пелистер нема што да загуби на ова гостување, може само да добие“, вели Алушовски пред денешниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести